петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Судот не го прифати признанието на Стојанче за првите две дела откако...

Судот не го прифати признанието на Стојанче за првите две дела откако кажа дека на тоа го присилувал Мартин Саздов, сведок на настаните

1135

Откако Стојанче Јовановски, обвинет за тепање, загрозување сигурност и наведување на самоубиство, кажа дека на признание за делата го присилувал сведокот на ОЈО Мартин Саздов, судијата не го прифти признанието за првите две и судењето сега продолжува со вербални докази.

Ќе сведочи мајката на Ивана, Љубица Стојановска.

Претходно Стојанче рече дека има докази оти Мартин Саздов му се заканувал и го присилувал да признае. Вината за смртта на жената и детето му ја препишува нему.

„Тој ме натера да ја оставам горе сама”, зборуваше Стојанче кој со молба барал од судот да докажува дека Саздов му го уништил семејството.

Се до моментот на самоубиство, Стојанче ја тепал, навредувал, заканувал, а еднаш и ја онесвестил Ивана

ИЗДВОЕНИ