Во Кривичниот суд почна судењето за ужасното семејно насилство врз Ивана Јовановска кое заврши со трагичен крај и за неа и за нејзиното дете откако се фрли со неа од шестиот спрат од зградата во Карпош.
Според обвинителката Адела Бојчевиќ до чинот на самоубиство обвинетиот Стојанче Јовановски цело време ја тепал, навредувал и се заканувал , а во еден момент ја онесвестил.
”Ќе те убијам”. “ ќе те исфрлам од станот, ќе ја земам Катја”, ќе ја сменам бравата”.” Ајде пријави ме кога ќе излезам од затвор ќе те уништам” , кон овие закани тој кажувал и срамни зборови, дури и пред нивното сега починато дете.
Обвинителството има и сведок за секое од трите кривични дела за кои е обвинет, тоа е човекот кој бил со нив. Сведокот Мартин Саздов неколкупати ја советувал Ивана да земе такси и да оди кај мајката.
Пред да се фрли со детето од балконот Стојанче бил со двете во станот и тука и се заканувал додека таа се пакувала.
За цело време додека обвинителката го читаше обвинението тој вртеше со главата во знак на негирање.
Бабо мама знае да чучне доле со скрстени раце, а тато ја клоца
Кога стана да каже дали се чувствува за виновен, рече дека за тепањето признава , но за самоубиството не, на тоа рече дека ја навел сведокот Мартин Саздов кој бил во блиска врска со Ивана и оти тој и се заканувал. Тогаш почна да плаче и да кажува дека Мартин му го уништил семејството. Не можеше да се смири, па судијата даде пауза. (П.А.)












