петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР со детали за убиството во Росоман: Синот кој си ја уби...

МВР со детали за убиството во Росоман: Синот кој си ја уби мајка му, сам се пријавил во полиција

78

Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ИЗДВОЕНИ