сабота, јули 25, 2026
Дома СКОПСКА Субвенции за набавка и вградување сончеви термални колектори

Субвенции за набавка и вградување сончеви термални колектори

128

Општина Гази Баба субвенционира дел од трошоците на граѓаните за набавка и вградување сончеви термални колектори. Распишан е јавен повик, според кој се надоместуваат 50 % од трошоците, но најмногу до 15.000 денари од домаќинство.

– Право на учество имаат жителите на Општината што ќе купат и инсталираат систем во текот на 2026 година – соопштија од локалната самоуправа.

Повикот трае до 30 ноември 2026 година или до исцрпување на средствата. Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Гази Баба.

Од Општина Гази Баба ги повикуваат жителите да аплицираат за надоместување на дел од трошоците за набавка и вградување  сончеви термални колектори. 

– Искористете ја можноста да инвестирате во обновлива енергија и да заштедите на трошоците за енергија – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ