EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Поранешниот британски тенисерм Грег Руседски, призна дека погрешил во процената за Шпанецот Карлос Алкарас, кој и покрај неколкумесечната пауза поради повреда на зглобот, успеа да се врати во врвна форма и да освои два АТП 500 турнири, во Токио и во Виена.

Руседски помисли дека ќе биде најдобро шпанскиот тенисер да се откаже од крајот на сезоната и да им се посвети на подготовките за следната година. Сепак, Алкарас му одговори со резултатите на најдобар можен начин.

Во најновата епизода од својот поткаст, Руседски призна дека морал да се премисли, особено по начинот на кој Алкарас го одигра финалето на турнирот во Виена.

– Овој играч беше отсутен четири и пол месеци поради повреда на зглобот. Тој ја почна годината спектакуларно, освојувајќи го Австралија опен и остварувајќи серија од 16 последователни победи. За жал, се повреди пред Ролан Гарос. Се врати на САД Опен, што нè изненади сите. Се прашувавме како е можно да се врати на турнири од тоа ниво, но сите моравме да ги повлечеме нашите зборови бидејќи не верувавме дека ќе функционира тоа. Сега тој повторно ја наоѓа својата најдобра форма – рече Руседски.

Тој е импресиониран од изданието на Алкарас против Алекс де Минор, надигрувајќи го во Виена.

– Начинот на кој го скрши Де Минор беше навистина импресивен. Австралиецот претходно мораше да помине низ голема борба за да го победи Саша Зверев во полуфиналето, кој сега е прв тенисер во светот. Карлос изгледа како да се вратил и прави сè за да ја заврши сезоната на најдобар можен начин – заклучи Руседски.

 

ИЗДВОЕНИ