Студентите маратонци пристигнаа во Луксембург: На свечениот пречек присуствуваше и градоначалничката/видео

24

Српските студенти маратонци утрово тргнаа од Сарбрикен во 6:30 часот утрово и поминаа 93 километри, пристигнувајќи во Луксембург околу 16 часот, пренес е Н1.

Утре ќе ја поминат 16-тата етапа од патувањето, која е воедно и најтешката – преку Ардените, до белгискиот град Лиеж.

Студентите беа пречекани во Луксембург од градоначалничката Лидија Полфер, која им рече на ултрамаратонците дека им се восхитува на нивната храброст и борба против корупцијата.

„Би сакала да ве поздравам во Луксембург. Вие сте тука во еден од главните градови на Европа, ние се восхитуваме на вашата храброст и сè што правите – се спротивставувате на корупцијата и се борите за транспарентност и правда. Вие сте многу добредојдени во нашиот град“, рече градоначалничката на Луксембург, Лидија Полфер.

„Не очекувавме (на пречекот во Луксембург) толку многу луѓе, навистина сум воодушевен, имав солзи во очите. Драго ни е што градоначалничката нè пречека, во знак на благодарност ѝ дадовме значка“, рече еден од студентите-маратонци за N1.

Тој нагласи дека „денес беше лесен ден за нив“, но дека утре ќе го имаат најтешкиот, најдолгиот ден.

Друг студент нагласи дека му е прв пат во Луксембург и дека пречекот бил неверојатен.

„Фактот што градоначалничката на Луксембург се појави е огромна поддршка“, нагласи тој.

ИЗДВОЕНИ