Во соработка со Министерството за внатрешни работи и со Бирото за јавна безбедност, спречено е натамошно насипување на крајбрежниот дел на Охридското Езеро, информираат од Општина Струга.
Оттаму додаваат дека материјалот што претходно бил оставен на оваа локација е отстранет, со што е прекината интервенцијата на езерското крајбрежје.
– Општина Струга ќе продолжи со соработката со надлежните институции за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро и за зачувување на неговите природни вредности. Заштитата на езерото е заедничка одговорност – нагласуваат од локалната самоуправа.












