Кинезитерапијата потекнува од грчкиот збор „kinezis“ што значи движење, кинезитерапијата е важен клучен сегмент што е составен дел од физикална медицина и од стручна рехабилитација. Манипулативното движење се смета за важно лекување и за важен клучен метод каде што основно средство за лекување се вежбите.
Кинезитерапијата се ординира речиси при секоја повреда, бидејќи со неа се раздвижуваат сите делови каде што има атрофираност, закржлавеност и, секако, мали или поголеми фибрози или фибростози. Со ординирањето и аплицирањето на оваа терапија се овозможуваат комплетна помош и целосно раздвижување на наведените места.

Видови вежби
Постојат пасивни, активно потпомогнати и активни вежби (без и со отпор). Како стручни дипломирани и специјализирани лица, им овозможуваме на нашите пациенти третмани за континуирано активно раздвижување на мускулоскелетната состојба чиј дел или одредена регија се смета за повредена, односно погодена за рехабилитација при изведена постоперативна рехабилитација.
Пасивното, активното и потпомогнатото движење овозможуваат раздвижување, што значи дека се раздвижува зглобот без да се користат мускулите на пациентот.
Работната терапија е медицинска дејност што се занимава со враќање на личноста во нејзиниот секојдневен живот во текот и по рехабилитацијата.
Рехабилитација
Рехабилитацијата кај повредените пациенти трае од 15 до 21 ден.
Секако, индивидуалниот физиотерапевтски третман се реализира според видот на повредата кај пациентот.
Физикалната терапија е гранка, односно стручна цел што овозможува 100 проценти комплетно враќање на подвижноста и функционирањето на пациентите.
Доколку по секоја повреда се изостави пациентот да направи физиотерапија, постои можност повредената регија да остави и последици, затоа по секоја повреда, физикалната терапија треба да биде ординирана навреме, сè со цел да се направат важните движења и пациентот нормално да функционира при повреда или оперативен зафат.
(Автор на текстот е Илија Жежов, специјалист по здравствен фитнес и физиотерапевт. Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ – ЗДРАВЈЕ)












