Трката за Големата награда на Каталонија во Мото ГП-шампионатот беше прекината по сериозниот судир помеѓу Алекс Маркез и Педро Акоста. Црвеното знаме беше кренато по шокантните сцени на патеката, а возачот на Дукати беше итно хоспитализиран. На крајот од драматичната трка, победата ја однесе Фабио ди Џанантонио, но речиси никого не го интересираше тоа.

Амбулантни возила влегоа на патеката за да му помогнат на повредениот Алекс, кој ја крена раката додека беше на носилка за да им соопшти на навивачите и на тимот дека е свесен.
Тој доживеа пад при брзина од над 250 км/ч, но наскоро пристигнаа охрабрувачки вести.
Тој беше однесен во медицинскиот центар на патеката, но по прегледот, беше одлучено директно да биде префрлен во Општата болница на Каталонија со брза помош. За среќа, половина час по несреќата, пристигна вест дека е надвор од животна опасност.
Потоа продолжи трката, на 13 круга до крајот, но повторно беше прекината од судир во кој беа вклучени Зарко и Марини. Французинот, исто така, мораше да биде хоспитализиран, а до крајот имаше уште неколку ризични старта и инциденти.











