EPA/CLEMENS BILAN

Српскиот голман Дејан Милосављев би можел да се врати во Германија. Како што објави „RT Handbol“, искусниот српски голман би можел да се врати на местото со најголем успех по само една сезона во Полска.

По дури седум сезони во редовите на Фуксе Берлин, сите беа изненадени од неговиот трансфер во Киелце, а сега уште поголемо изненадување би било неговото враќање. Тој потпиша договор со Полјаците до 2030 година и „лисиците“ ќе мора богато да платат за неговото враќање.

Фуксе Берлин се снаоѓаше со кратките договори доведувајќи го искусниот Андреас Паличка, додека Ласе Лудвиг остана другата опција. Паличка наводно се враќа во Шведска следната сезон што претставува знак за враќање на српскиот ракометар.

Откако започна во Југовиќ, Дејан Милосављев играше за Партизан, помина кратко време во Катар, а потоа отиде во Вардар. Таму ја освои Лигата на шампионите заедно со Раул Гонзалес.

Се пресели во Фуксе Берлиб во 2019 година и таму испиша историја. Ја освои Лигата на Европа, играше во Ф4 и во финалето на Лигата на шампионите, го освои Суперкупот и првата Бундеслига во историјата на клубот.

ИЗДВОЕНИ