Бомбаш-самоубиец уби најмалку 31 лице во напад во северозападен Пакистан, објави АФП, повикувајќи се на полициски службеник.
Напаѓачот со автомобил полн со експлозив удрил во полициски објект во моментот кога полицајците и нивните семејства се молеле во џамија.
Според извештаите, повредени се повеќе од 100 лица. Нападот се случи вчера, а борбите продолжуваат и денес со неколкумина напаѓачи кои, според полицијата, се забарикадирале во дел од комплексот.
Одговорноста за нападот ја презеде локалната група „Итехад-ул-Муџахидин Пакистан“ – фракција поврзана со „Техрик-е-Талибан Пакистан“.
Пакистан ги обвинува милитантните групи во Авганистан за порастот на насилството – тврдење што талибанските власти во Кабул го негираат.












