На покана на Вукша Драговиќ, основач на здружението „Српски суверенисти“, синоќа пред полициската станица „Савски венац“ во Белград се собраа неколку десетици луѓе. Драговиќ го опиша собирот како „прва блокада“ и најави нов собир за денес, како поддршка за телевизискиот канал Информер.
Според извештаите на новинската агенција „Бета“, одзивот бил слаб. Драговиќ го упатил повикот преку социјалните мрежи, наведувајќи дека собирот е поттикнат од, како што тврди тој, напад врз телевизијата Информер. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека сообраќајот на улицата „Савска“ бил запрен за време на собирот.
PA OVO JE PREJAKO ONI NEMAJU VEZE SA VUCICEM ONI SU SRPSKI SUVERENISTI HAHAHAHAHAHAHA
posle 3 minuta
ACOO SRBINEEEEE HAHAHAHHAHAHAHHAHHAHAHHAHHAHAUHAUHAUAUUAHHAHAHAHAHHAAHHAHHAHAHHAHHHAHOPLAKAHHHHHHH HHHAAHHAH https://t.co/gytY8nSBNJ pic.twitter.com/zD6y0CG6fR
— 3ЛИ (@zliprvi) November 3, 2026
Минатата недела, гостувајќи на Информер, Драговиќ најави дека неговите поддржувачи ќе излезат на улиците и ќе го блокираат сообраќајот секогаш кога нема да се согласуваат со одлуките на новата влада.
За оваа прва блокада, тој ја одбра улицата „Савска“. Притоа, изјави дека има намера да постави ултиматум до полицијата и обвинителството да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, заканувајќи се дека, доколку тоа не го сторат, ќе се обрати до војската и ќе побара таа да го преземе управувањето со државата.
По синоќешниот собир, Драговиќ изјави за Информер: „Денес постигнавме нешто значајно, успеавме да ги ослободиме луѓето од страв“.
Вечарас се у Београду окупило 200.000 људи на позив Фукше Драговића @NaStraniNaroda ……
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣 https://t.co/ZHwy8r8zhV— ꒌ Косанчић Иван 2 ꒌ (@Draconistrarum1) November 3, 2026
Тој ги повика своите поддржувачи да се соберат денес во 10:45 часот пред Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), на плоштадот „Никола Пашиќ“.
За 11:00 часот е закажана седница на Советот на РЕМ, на која, според весникот Дана*, се очекува да се разговара за првите мерки против телевизијата Информер. Ана Брнабиќ, која ја врши функцијата претседател на Србија, исто така повика на собир пред РЕМ, тврдејќи дека емитувањето на оваа телевизија е загрозено.












