среда, ноември 4, 2026
Дома БАЛКАН Живи, здрави, по две слетувања! Бајатовиќ потврди дека тој, Вулин и Поповиќ...

Живи, здрави, по две слетувања! Бајатовиќ потврди дека тој, Вулин и Поповиќ стигнале во Москва

2
Фото: Википедија

Душан Бајатовиќ, директор на „Србијагас“, потврди дека авион на „Ер Србија“ – кој ја опслужува редовната линија Белград–Москва (лет JU134) – слетал во Москва. Во авионот биле самиот Бајатовиќ, Александар Вулин (претседател на Надзорниот одбор на јавното претпријатие „Србијагас“) и Ненад Поповиќ (министер без ресор во владата во заминување, односно техничката влада). Претходно, синоќа, леталото било вратено на аеродромот во Белград.

„Вулин, Поповиќ и јас бевме во авионот, добро сме и безбедни, а слетавме од вториот обид“, изјави Бајатовиќ за весникот „Блиц“.

Тој напомена дека неговото патување во Русија е поврзано со прашања околу снабдувањето со гас и платниот промет, по неодамнешниот случај поврзан со „Алта банка“.

Авионот на „Ер Србија“ со кој патувале бил вратен во Белград синоќа, откако поминал неколку часа во воздух, а подоцна повторно полетал кон Москва и слетал во руската престолнина рано утринава.

Во понеделникот вечерта, „Ер Србија“ соопшти дека авионот што го извршувал редовниот лет JU134 од Белград кон Москва се вратил во Белград. Од авиокомпанијата наведоа дека добиле информации од надлежните аеродромски служби, поради што биле потребни дополнителни безбедносни проверки за еден од патниците.

За летот кон Москва првпат во понеделникот спомена Срѓан Миливојевиќ, член на Демократската партија, кој на Твитер напиша: „Кој бега за Москва вечерва со летот во 18:30 часот?“ По ова, медиумите „Време“, „Нова“ и Н1 објавија дека авионот се вратил во Белград, тврдејќи дека бил вратен бидејќи Александар Вулин наводно не поминал на безбедносна проверка.

ИЗДВОЕНИ