Четири лица луѓе се пренесени во болница откако дел од градежна машина се урна на градилиште во Мајами утрово. Несреќата се случила нешто по 8:00 часот наутро во градската четврт Брикел, јавува „Еј-би-си“. Командантот на противпожарната служба во Мајами, Роберт Хевиа, изјави дека, со оглед на околностите, вистинска среќа е што никој не загинал.
„Глетката на местото на несреќата е неверојатна“, рече Хевиа на прес-конференција. Сплет на околности и брза реакција
Хевиа објасни дека една жена возела по улицата покрај градилиштето и забележала дека машината се урива. Таа успеала да префрли во рикверц и да се оддалечи доволно за да излезе од возилото. Машината паднала врз автомобилот, кој веднаш се запалил.
Таа исто така се урнала врз контејнер во кој се наоѓале двајца градежни работници. Командантот ја опиша ситуацијата како „сложена сцена“. Еден дел од спасувачкиот тим го сечел металниот контејнер за да ги ослободи работниците, додека другиот истовремено го гаснел пожарот.
Двајца работници од контејнерот и операторот на машината, кој успеал да скокне додека таа се превртувала, биле пренесени со полесни повреди во блискиот центар за трауматологија. Жената што управувала со автомобилот исто така се здобила со полесни повреди и била згрижена во друга болница, изјави Хевиа. Тој исто така потврди дека сите останати работници од градилиштето се безбедни и неповредени.
4 people hospitalized after crane collapses in Brickell area of Miami, Florida. – police https://t.co/U7bGSV7mRB
— AZ Intel (@AZ_Intel_) September 14, 2026
Причината за несреќата сè уште не е официјално соопштена, а истрагата е во тек. Се урна машина за побивање шипови – опрема што има основа слична на онаа на класичен кран, но чиј горен дел служи за втиснување столбови длабоко во земјата како темели за големи објекти. Идентитетот на повредените лица сè уште не е објавен.












