СТРАОТЕН СЛУЧАЈ ВО АВСТРИЈА: Двегодишно девојче остана без рака – ја ставило во мелница за месо, мајката под истрага

159

Двегодишно девојче од Австрија ја ставило раката во мелница за месо и останала без рака.

Болен инцидент се случил во неделата вечерта во виенската населба Отакрин, како што соопштија од државната полиција.

Во присуство на неколку возрасни лица, меѓу кои и мајката (28), двегодишното девојче ненамерно ја ставило раката во машината која вообичаено е наменета за сечкање сирово месо.

Раката на девојчето била целосно отсечена. Во полицискиот извештај се наведува дека повредите се сериозни.

Откако итните служби успеале да го ослободат девојчето, го префрлиле во болница за понатамошна медицинска помош.

Полицијата сега истражува како се случила несреќата. Според медиумите, против мајката ќе биде поднесена пријава.

ИЗДВОЕНИ