Контроверзниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор, повторно се најде во центарот на скандал. Некако зборот скандал е неразделен од неговото појавување, па, каде и да се појави има со нешто да се „пофали“.

Шест години подоцна сè уште е фрустриран од фактот што Хабиб Нурмагомедов го победи во најгледаниот натпревар на УФЦ.

Навикнати сме на кралот на ароганцијата и скандалозните испади (често се снима под дејство на разни супстанции, од алкохол па до сè останато), но овој пат по секоја цена сакаше да предизвика скандал.

Еден навивач при излез од хотел му довикна: „Ајде, напред Хабиб“, по што Мекгрегор веднаш реагираше. Се доближи до навивачот, му се внесе в лице и го плукна.

  • Те плукнав во лице и што направи? Ништо, извика Мекгрегор додека си заминуваше, мислејќи дека со тоа што го направил испаднал мангуп.

Американските медиуми јавуваат дека плукањето е класифицирано како насилно однесување и напад, а било документирано од најмалку една камера.

Во својата кариера победи 22 пати (19 со нокаут) на 28 меча, а неодамна беше осуден за сексуален напад врз девојка. Како резултат на тоа, многубројни спонзори го напуштија.

ИЗДВОЕНИ