Столе Димитриевски ќе има нов тренер во Валенсија откако постигна клубот договор со искусниот Хавиер Агире. Шеесет и седумгодишниот Мексиканец ќе го преземе тимот по заминувањето на Карлос Корберан и треба да почне со работа веднаш.

Агире има огромно искуство во шпанскиот фудбал, каде што во минатото ги предводеше Атлетико Мадрид, Осасуна, Леганес и Мајорка. Неговото деби на клупата на Валенсија се очекува по репрезентативната пауза, по натпреварот со Реал сосиедад.

Пред да се одлучи за Агире, Валенсија разговарала и со Хосе Луис Мендилибар и со Ернесто Валверде.

Сега искусниот Мексиканец ќе има задача да го стабилизира тимот и да ги подобри резултатите.

За Димитриевски, пак, ова значи нов почеток со тренер кшто има сериозно искуство и познавање на Ла Лига.

ИЗДВОЕНИ