Италијанскиот калчо гигант Милан планира да ангажира неколку квалитетни фудбалери за време на зимскиот преоден рок. Прв на списокот со посакувани играчи е бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Ендрик, кој може да биде само позајмен, а за 40 мил. евра би требало да се осигурат услугите на капитенот на Спортинг од Лисабон, Гонкало Инасио.












