среда, ноември 4, 2026
Дома СВЕТ Ебола на чекор од Европа? Британски државјанин заразен со смртоносниот вирус итно...

Ебола на чекор од Европа? Британски државјанин заразен со смртоносниот вирус итно се евакуира од Африка

24
EPA/QUDRATULLAH RAZWAN

Британски државјанин кој работи во Демократска Република Конго е позитивен на вирусот ебола. Здравствениот работник ќе биде евакуиран во Велика Британија, каде што ќе добие третман за смртоносниот вирус.

Ова е прв пат британски државјанин да биде позитивен на ебола за време на тековната епидемија.

Последниот потврден случај на ебола во Велика Британија беше во 2015 година, кога тројца здравствени работници се вратија од Африка заразени со вирусот.

Сепак, веста доаѓа само една недела откако највисокиот здравствен службеник на континентот предупреди дека дури ни Велика Британија „не е безбедна“ од „невидената епидемија“ што се шири.

Бројот на заразени со вирусот, од кои повеќето се регистрирани во Демократска Република Конго, надмина 10.000, додека бројот на смртни случаи достигна 5.000.

ИЗДВОЕНИ