Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, како единствен претставник од Македонија, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации во Женева.
– Со градоначалници од целиот свет разменуваме искуства и идеи за позелени, поотпорни и поинклузивни градови. Ги претставуваме нашите постигнувања и отвораме можности за нови партнерства што ќе донесат конкретна корист за граѓаните – истакна Стојкоски.
Тој наведе дека Ѓорче Петров е пример за успешна меѓународна соработка.
–Преку заеднички проекти, размена на знаења и доверба со нашите партнери, создаваме повеќе можности за развој на општината. Нашата цел е јасна: искуствата и контактите од Женева да ги претвориме во подобри јавни услуги, поквалитетни јавни простори и нови проекти за нашите жители – нагласи Стојкоски.












