Основното јавно обвинителство се огласи по бегството на обвинетата Ива Михајлова за сообраќајна несреќа со смртни последици која изутрината избега од Македонија, а во Бугарија беше пречекана со медиуми.
Ива Михајлова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша (македонски и бугарски) и ѝ била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице, соопшти државното Јавно обвинителствo.
-На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување држацна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа, велат од ОЈО.












