сабота, ноември 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Снегот стаса во Македонија: Зимска магија во Маврово, Дебар и Тетово –...

Снегот стаса во Македонија: Зимска магија во Маврово, Дебар и Тетово – снимени првите зимски кадри/ВИДЕО

0

Првите снежни врнежи веќе се забележани во повеќе делови од западна Македонија. Снег паѓа во Маврово, Дебар и Тетово, од каде што пристигнуваат и првите видеоснимки со зимски амбиент.

Врнежите се дел од продорот на студен воздух, кој донесе пад на температурите и промена на временските услови во земјава.

Според информациите од ЈП „Македонија пат“, слаби врнежи од снег има и на патниот правец кон Попова Шапка, на делницата од селото Лисец до Попова Шапка.

Од претпријатието информираат дека патиштата се проодни, но коловозите се влажни, а на неколку планински правци маглата ја намалува видливоста до 100 метри.

Возачите се повикуваат на внимателно управување, приспособување на брзината кон условите на патот и задолжително користење зимска опрема.

ИЗДВОЕНИ