Во продолжение од судењето за Стојанче Јовановски обвинет за семејно насилство кое доведе до самоубиство на неговата жена која од балконот се фрли со детето, обвинителството пушта видео снимки како доказ за кривичните дела.
Станува збор за снимки од безбедносните камери кај гаражата во близина на судовите во Скопје. На снимките присутните видоа како Стојанче на два пати ја удира Ивана, а во еден момент од силината на ударот и се поместува главата.
Ова се случува на пладне среде судскиот комплекс. На видеото се гледа како полицијата доаѓа, на повик на починатата, и разговара со сопружниците одделно. Тука е и сведокот Мартин Саздов.
Полицајците и првиот и вториот пат си заминуваат, и нејасно е како не воочуваат дека жената е вознемирена, туку според обвинителката, и рекле ако уште еднаш ги повика ќе добие пријава за лажно пријавување. Снимките се направени два часа пред трагичниот чин. (П.А.)












