сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стојанче го снимал понижувањето на Ивана, ОЈО покажа снимки од телефонот на...

Стојанче го снимал понижувањето на Ивана, ОЈО покажа снимки од телефонот на обвинетиот

998

Обвинителството покажа снимки од приватниот телефон на обвинетиот Стојанче Јовановски направени на 10-02 годинава. На видеото се гледа како Ивана стои во ходникот од семејниот стан, плаче и го чува телото со рацете. “Не ме удирај веќе”, го моли насилниот сопруг кој продолжува да ја навредува и понижува.
Таа го прашува зошто ја удира и со левата рака се држи кај бубрезите.

Во продолжение Стојанче пробува да излезе од станот, а жртвата го запира, заедно да ја чекаат полицијата.

“Сега се јавив да те пријавам за семејно насилство не бегај”, му вели, а тој и се смее и ја имитира.

“Дрогата ти го исуши паметот,Стојанче” му повторува жената неколкупати.
По ова обвинителката предложи да се запре видеото бидејќи во продолжение се слуша како ја псуе и навредува , на што Стојанче реагираше и бараше да се гледа до крај.

” Се изнаслушавме псовки на ова судење”, му де обрати обвинителката Бојчевиќ. “ Сакаш уште да слушаш”, возврати обвинетиот смеејќи се ,по што судијата Ивица Стрфановски двајцата ги опомени.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ