Вечерва, 24 април, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, се одржа солистичкиот концерт на Владо Георгиев, „Господски“, првично закажан 20 март, па одложен поради денот на сеќавањето на трагедијата во Кочани, како и поклопувањето со верскиот празник Рамазан Бајрам.
Со нетрпение очекуван како од публиката, така и од самиот музичар, коцертот е логичен редослед на концертите што Владо ги одржа претходно во Белград на Вода и на Златибор.
Георгиев понуди специфична двочасовна музичка приказна која ги надмина рамките на класичниот концертен настап. Обожавателите на неговата музика имаа можност да уживаат во нова комбинација на боемскиот сензибилитет и на музичката елеганција во која се милува шепотењето на рапаво-нежниот глас на пејачот.
Фото:П.Стојановски














