вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Средното училиште „Илинден“ е прво со текбол маса во државата

Средното училиште „Илинден“ е прво со текбол маса во државата

353

Во спортскиот комплекс „Драго Маневски“ во рамките на средното училиште во Илинден денеска се одржа промоција на нова текбол маса.

Од локалната самоуправа информираат дека со оваа инвестиција, средното училиште „Илинден“ станува првото училиште во државата кое располага со ваков тип спортска опрема, што, како што велат претставува значаен чекор напред во образовно-спортскиот сегмент.

-Воведувањето на текбол, како современа и сè попопуларна спортска дисциплина, отвора нови можности за учениците и младите да ја подобрат својата координација, концентрација и тимска работа, како и да го зајакнат спортскиот дух- велат од Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека со реализација на ваквите проекти се создаваат современи услови за развој на младите, се поттикнува нивниот интерес за спорт и младите се насочуваат кон здрав начин на живот.

-Ќе продолжиме со континуирани вложувања во образованието и спортската инфраструктура, со цел да обезбедиме квалитетна и функционална средина за сите граѓани – нагласи Георгиевски.

На настанот присуствуваа и претставници од Јадранската текбол лига, претставници од компанијата „Тримакс“, директори на општинските училишта, како и голем број ученици и спортски ентузијасти.

Овој настан е дел од пошироките активности на Општина Илинден насочени кон создавање подобри услови за спорт, рекреација и правилен развој на младите генерации. Локалната самоуправа останува посветена на реализација на проекти кои промовираат здрави животни навики и придонесуваат за градење активна и силна заедница.

ИЗДВОЕНИ