петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Средбата ескалира?! Петер Маѓар остро по средбата со унгарскиот претседател: „Оставка, веднаш“

Средбата ескалира?! Петер Маѓар остро по средбата со унгарскиот претседател: „Оставка, веднаш“

406
EPA/ROBERT HEGEDUS HUNGARY OUT

По убедливата победа на парламентарните избори во недела, Петер Маѓар го започна процесот на формирање нова унгарска влада, со што се стави крај на долгогодишната доминација на партијата Фидес и нејзиниот лидер Виктор Орбан.

Во овој контекст, Маѓар утрово пристигна во Шандор-палота во Будимпешта на официјална средба со унгарскиот претседател Тамаш Суљок. Ова е дел од стандардните консултации што претседателот на Републиката ги спроведува со лидерите на парламентарните партии пред формално да му го довери мандатот за формирање влада. Сепак, се чини дека средбата не се одвивала во очекуваниот конструктивен тон.

Иако официјални извори сè уште не даваат детали од разговорот, неговата објава на Фејсбук укажува на тензии меѓу двете страни. Индикативно е што веднаш по средбата, Маѓар објави фотографија од претседателската палата на социјалните мрежи со многу остра порака.

„Пристигнав во палатата Шандор за да се видам со претседателот на Републиката. Тамаш Суљок не е достоен да го претставува единството на унгарскиот народ. Тој не е способен да биде чувар на законот. Тој не е достоен да биде морален стандард и пример. Тамаш Суљок мора да ја напушти својата функција веднаш по формирањето на новата влада“, стои во објавата.

ИЗДВОЕНИ