Европските индекси денес беа неизедначени, а суровата нафта од типот Брент се движеше околу 95 долари за барел, додека инвеститорите ги следеа случувањата на Блискиот Исток и чекаа нова рунда разговори меѓу САД и Иран што би можела да ја ублажи геополитичката нестабилност и да го смири пазарот.
Според податоците на берзата, цените на суровата нафта паднаа за 0,27 проценти на 91,033 долари за барел во 9:45 часот наутро, додека суровата нафта од типот Брент порасна за 0,12 проценти на 95,012 долари.
Во Европа, фокусот е и на заработката од луксузните компании, како и од холандскиот производител на чипови ASML, најголемата европска компанија според пазарната капитализација, објавува CNBC. Европските фјучерси за гас за мај се тргуваа по 42,550 евра за мегават-час на отворањето на берзата TTF во Амстердам.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,17893 долари.
Цената на златото падна на 4.811,52 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,9302 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,11 проценти на 24.061,61 поени, британскиот FTSE 100 за 0,12 проценти на 10.620,59 поени, додека францускиот CAC 40 падна за 0,63 проценти на 8.275,13 поени, а московскиот MOEX за 0,44 проценти на 2.713,44 поени.












