понеделник, септември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА СРД „Хантер фиш“ реагира за пцовисана риба во горниот тек на Треска

СРД „Хантер фиш“ реагира за пцовисана риба во горниот тек на Треска

10

Спортското риболовно друштво „Хантер фиш“ со голема загриженост реагира на пцовисувањето риби во горниот тек на реката Треска и бара итна реакција од надлежните институции. Поточно, бара веднаш да се земат примероци од водата и од умрената риба, да се направат лабораториски анализи за да се утврди причината, да се контролираат сите можни извори на загадување, надлежните институции да излезат со информации пред јавноста и да се преземат конкретни мерки за заштита на реката и на живиот свет.

– Водата е богатство на сите нас, а реката Треска е еден од најважните водни екосистеми во Кичево. Секое загадување, труење или друга интервенција што го загрозува животот во реката мора да биде детално испитана и да се утврдат причината и одговорноста. Не смееме да дозволиме да помине уште еден ваков случај без одговор. Реката Треска не е канал за отпад – таа е живот. Да ги заштитиме рибата, водата и природата за генерациите што доаѓаат – потенцираат од  спортското риболовно друштво „Хантер фиш“.

 

 

ИЗДВОЕНИ