понеделник, септември 14, 2026
Дома МАГАЗИН Дуото „Броз и Марама“ се збогува од летото со носталгичната „Скопјанка“

Дуото „Броз и Марама“ се збогува од летото со носталгичната „Скопјанка“

12

Македонското поп-дуо „Броз и Марама“ стана популарно на домашната музичка сцена откако победи минатото лето на „Охридфест“, со хитот „Сокаци тесни“. По кратка пауза, повторно е актуелно со новата песна „Скопјанка“. Текстот на „Скопјанка“ го потпишува Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот се дело на охриѓанецот Јовица Каралиевски. Песната е снимена во „K2 продукшан студио“. Тоа е една летна љубовна приказна, која станува копнеж по девојката и по летото што пополека си заминува. Текстот раскажува за таа немирна љубов со спомените помеѓу една скопјанка, која е блага како обланда, и еден охриѓанец, кој влетал во нејзината душа со својата добра душа.

Видеото е на Стефан Стојкоски, а главните ликови во него, освен Броз и Марама, ги имаат и Благоја Трајкоски и Викторија Тодоровска. Новата песна е нивни музички подарок за сите оние што се носталгични додека се збогуваат од летото.

– Секоја песна има душа и емоција, но „Скопјанка” е со некои посебни емоции. Се раѓа силна летна љубов, која, со есента, доаѓа во искушение да исчезне. Иако далечината си го прави своето, сепак, вистинската искрена љубов ќе победи пред неа.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ