понеделник, септември 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гаши: Политичката интуиција ми кажува, нема да има предвремени избори

Гаши: Политичката интуиција ми кажува, нема да има предвремени избори

0

Убеден сум дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска Африм Гаши, претседател на македонското Собрание. На редовниот брифинг со новинари тој рече дека не очекува дека таква одлука може да биде донесена.

Мојот личен сатв е дека предвремени избори не треба да има, а јас, лично, сум убеден дека нема да има предвремени избори – рече Гаши.

На новинарското прашање врз основа на што ја гради ваквата проценка Гаши одговори дека тоа е негова „политичка интуиција“.

Во изминатиот период премиерот Христијан Мицкоски изјавуваше дека доколку опозициските партии побараат избори тоа ќе биде прифатено од Владата и ќе се распишат предвремени избори. Опозициските ДУИ и Левица се на ставот дека изборите се потребни, додека од СДСМ соопштија дека „не сакаат да бидат алиби за распишување на предвремените избори“.

Инаку, на денешната координација на координаторите на пратеничките групи во во Собранието, Гаши рече дека претставникот на Левица го отворил прашањето за Изборниот законик поради изнесените ставови во однос на предвремените избори. Претседателот на Собранието рече дека е добро да се разговара и дека на средбата нагласил дека доколку има подготвеност, работната група во Собранието и координаторите да ги продолжат разговорите за Изборниот законик.

-Не знам дали наскоро ќе има средба меѓу пратеничкит егрупи околу Изборниот законик. Ако има подготвеност, тие ќе најдат начин да комуницираат. Добро е да се седна и разговара без оглед кога ќе има парламентарни избори. Координаторите треба да се договорат дали може да продолжат со напорите дали може да се донесе Изборниот законик – нагласи Африм Гаши. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ