петок, јули 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Спречен шверц, запленет златен накит вреден 581.900 денари

Спречен шверц, запленет златен накит вреден 581.900 денари

32

На Граничниот премин Богородица, царинските службеници спречија обид за шверцување златен накит со вредност од 581.900 денари.

Сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари, но накитот е запленет, а против него е поднесена кривична пријава за кривично дело шверцување, казниво по Кривичниот законик.

Одделението за истраги го презема случајот и понатаму ќе го води постапувањето согласно со Законот.

ИЗДВОЕНИ