сабота, ноември 21, 2026
Дома БАЛКАН Спомен што ќе живее: На фасада во Белград осамна мурал посветен на...

Спомен што ќе живее: На фасада во Белград осамна мурал посветен на Ана Божовиќ, една од жртвите во „Рибникар“

0
Foto: Facebook

На фасадата на една зграда на улицата „27-ми март“ во Белград се појави трогателен мурал, посветен на споменот на Ана Божовиќ – младoто девојче кое го загуби животот во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Преку ова уметничко дело, заедницата и нејзиното семејство се обидоа да го овековечат споменот на својата ќерка, која доживеа толку трагичен крај.

По изработката на муралот, семејството Божовиќ–Радичевиќ изрази благодарност преку емотивна изјава.

„Денес, на нашата зграда на улицата ’27-ми март‘ се појави мурал посветен на споменот на нашата ќерка – нашиот ангел, Ана Божовиќ. Сакаме да им се заблагодариме на нашите драги пријатели, соседи и семејството за иницијативата и поддршката во реализацијата на овој мурал за Ана. Посебна благодарност му должиме на извонредниот уметник – и пред сè, човек со голем карактер – Андреј Жикиќ (Артез), за тоа што го наслика овој мурал за нашата Ана“, напиша Игор Божовиќ, таткото на Ана, на својот профил на Фејсбук.

Ана Божовиќ беше едно од деветте деца, заедно со училишниот чувар, кои трагично ги загубија животите на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“. Сторител на ова злосторство беше ученик во училиштето, кој во тоа време имал 13 години и не подлежел на кривична одговорност; оттогаш тој е сместен во психијатриска клиника во Белград. Во меѓувреме, неговите родители се соочуваат со судење пред Вишиот суд во Белград, под обвинение за занемарување на детето.

ИЗДВОЕНИ