Иако сеуште релативно топло за ноември, сепак викендов во Македонија (сабота и недела 21/22 ноември) ни следува почеток на опаѓање на температурите на воздухот, па така наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 8 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 16 степени.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а ќе има и повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, а повремено и со умерен интензитет. Има услови на високите планини со надморска височина од над 1800/1900 метри и за провејување на снег. Повремено ќе дува засилен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за повремени послаби врнежи од дожд. Претежно ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.












