Уште една современа фитнес-зона е ставена во функција во ООУ „Мирче Ацев“, како дел од проектот што го реализира Општина Ѓорче Петров со поддршка од Министерството за транспорт.
– Ова е една од трите нови фитнес-зони со кои создаваме подобри услови за спорт, рекреација и здрав развој на нашите деца и на младите. Нашата цел е јасна: спортската инфраструктура да биде достапна во секоја населба и во нашите училишта – соопштија од локалната самоуправа.
Притоа додаваат дека континуирано инвестираат во спортот, здравјето и во иднината на Ѓорче Петров.
– Од нови спортски терени, преку фитнес и калистеника зони, до целосно обновени спортски комплекси, континуирано инвестираме во спортот, здравјето и во иднината на Ѓорче Петров. Не застануваме тука. Продолжуваме со нови проекти и со уште подобри услови за спорт за сите – велат од Општина Ѓорче Петров.












