петок, август 7, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатно кино на отворено во Драчево

Бесплатно кино на отворено во Драчево

3

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотеката на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено, во амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.

На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски.

Утре од 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Бал-кан-кан“. Публиката ќе има можност да ја види оваа комедија со актерските остварувања на Раде Шербеџија, Ерол Кадиќ и на Салаетин Билал. В недела од 20:00 часот, на репертоарот ќе биде „Трето полувреме“, филм инспириран од вистински настани, со улогите на Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел и на Раде Шербеџија.

Влезот за двете проекции е слободен.

Од Општина Кисела Вода ги покануваат сите љубители на филмот да се придружат со своите семејства и пријатели на оваа викенд-дружба посветена на македонската кинематографија.

 

ИЗДВОЕНИ