вторник, септември 22, 2026
Дома СКОПСКА Младите математичари од Карпош на прием кај Лукровски

Младите математичари од Карпош на прием кај Лукровски

128

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска ги прими тројцата стипендисти на Општина Карпош кои со одлични резултати ја претставија Македонија на 30. Јуниорска балканска математичка олимпијада – JBMO 2026 во Бузау, Романија.

Станува збор за Дарјан Мирчевски од ООУ „Вера Циривири-Трена“, кој освои бронзен медал, постигнувајќи го најдобриот резултат во македонскиот тим, Калина Тортевска од ООУ „Јан Амос Коменски“, која доби пофалница, и Андреа Јовановска од ООУ „Петар Поп Арсов“, која имаше значаен придонес во настапот на репрезентацијата.

– Горди сме на нашите млади математичари. Нивниот успех е потврда за знаењето, талентот и за посветеноста на младите од Карпош. Општина Карпош продолжува да вложува во образованието и во развојот на младите таленти. Честитки и уште многу успеси! – истана Лукровски.

 

ИЗДВОЕНИ