четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Сообраќајно решение за гробиштата Камник

Сообраќајно решение за гробиштата Камник

191

Општина Гази Баба почна со реконструкција на пристапниот пат кон гробиштата Камник, што претставува децениско барање на граѓаните.

– Во првата фаза инвестираме 8.164.884 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик на Владата на Македонија. Веднаш продолжуваме со дополнителни 7.000.000 денари од буџетот на Општината за целосна изградба на улицата. Со овој проект, пристапот до гробиштата Камник, конечно, ќе добие современо и функционално сообраќајно решение – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму објаснуваат дека се воспоставува кружен тек со влез од улицата „Јужноморавски бригади“ и излез кон Сингелиќ, кај „Клакер“.

– Ова решение значи поголема проточност, помал метеж и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот. Паралелно, ние сме во постојана комуникација со АД „Бутел“, во тек е подготовка на урбанистичко-планска документација, која ќе овозможи проширување на гробиштата и изградба на капела – информираат општинските власти.

ИЗДВОЕНИ