сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сообраќајна несреќа во центар на Скопје: Возило „мерцедес“ удри во пешак на...

Сообраќајна несреќа во центар на Скопје: Возило „мерцедес“ удри во пешак на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, пренесен е на Клиники

141

Прегазен е пешак во сообраќајна незгода што се случи денеска претпладне на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ (кај поранешна НИП Нова Македонија) во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата е пријавена во 11:15 часот во СВР Скопје, кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.М.(40) удри во пешакот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат околностите под кои се случи сообраќајната незгода.

ИЗДВОЕНИ