Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне околу 30 степени според дел од актуелните прогностички модели.
Во понеделник исто така се очекува доста топло време, а во вторник ќе има одредено заладување, послаби врнежи на повеќе места и претежно облачно време .
Високите температури најверојатно ќе се задржат до крајот на месецот, со мала можност за слаби врнежи.












