За само седум недели откако e воведена новата услуга преку ЈКП „Кисела Вода 2022 – Скопје“, на територијата на општината биле собрани и правилно депонирани повеќе од 80 тони кабаст отпад.
Од Општина Кисела Вода велат дека тоа е најдобар доказ оти континуираното подигнување на стариот мебел е вистинскиот чекор, а најголем одѕив досега имало од жителите на Драчево.
– Со едноставно пријавување на 070/288-897 (секој работен ден од 8 до 15 часот), нашите екипи доаѓаат да го подигнат отпадот пред вашиот дом во рок од 24 до 48 часа. Правилното одложување е наша заедничка обврска. Да бидеме совесни и заедно да се погрижиме за почиста Кисела Вода – појаснуваат од локалната самоуправа.












