– Извештајот од извршениот стручен увид од страна на експертскиот тим од Градежниот факултет е пристигнат и во него детално се разработуваат сите аспекти на настанатата пукнатина на патот. Со оглед на комплексноста на проблемот, оваа документација во моментов е предмет на координирана анализа од страна на сите релевантни институции, во насока на преземање на сите понатамошни чекори. Врз основа на овие координирани заклучоци ќе се пристапи кон спроведување на соодветните процедури. Наша примарна цел е изнаоѓање трајно, технички издржано и пред сè, безбедно решение, кое во целост ќе ја гарантира сигурноста на граѓаните, велат од Oпштина Кисела Вода
Тим професори од Градежниот факултет во Скопје го завршија стручниот увид на распуканиот пат во Теферич и го доставија до Општина Кисела Вода, по што ќе следуваат процени какви мерки да се преземат за негово санирање. Расцепот на коловозот на улица „Мариовска“ поради свлечиште е во должина од 70 метри, и секојдневно се зголемува.
Откако минатиот месец беше забележано движењето на земјиштето, патот беше затворен за сообраќај, но исто така е небезбеден и за пешаци. Досега овој пат, кој беше неодамна реконструиран и асфалтиран, претставуваше клучна врска со градот за населението од Сопиште и Горно и Долно Соње.
– Извештајот од извршениот стручен увид од страна на експертскиот тим од Градежниот факултет е пристигнат и во него детално се разработуваат сите аспекти на настанатата пукнатина на патот. Со оглед на комплексноста на проблемот, оваа документација во моментов е предмет на координирана анализа од страна на сите релевантни институции, во насока на преземање на сите понатамошни чекори. Врз основа на овие координирани заклучоци ќе се пристапи кон спроведување на соодветните процедури. Наша примарна цел е изнаоѓање на трајно, технички издржано и пред сè, безбедно решение кое во целост ќе ја гарантира сигурноста на граѓаните – велат од Општина Кисела Вода.
Асфалтот на патот распука и во јуни минатата година, по што неколку месеци беше затворен.












