среда, октомври 7, 2026
Дома СКОПСКА Со нова фотоволтаична централа Општина Ѓорче Петров ќе штеди електрична енергија

Со нова фотоволтаична централа Општина Ѓорче Петров ќе штеди електрична енергија

20

Општина Ѓорче Петров инвестира во нова фотоволтаична централа со моќност од 80 киловати со батериски систем за складирање на енергијата, наменета за потребите на општинскиот објект.

Оттаму велат дека  со сопственото производство се очекува намалување на трошоците за електрична енергија за најмалку 70%.

-Батерискиот систем ќе овозможи складирање на произведената електрична енергија и нејзино користење во периодите кога производството од сонцето е намалено. На тој начин ќе се зголеми искористувањето на сопствената енергија и ќе се намали зависноста од електричната мрежа – објаснуваат од Општината.

Проектот предвидува можност за надградба со дополнителни батерии, со цел целосно покривање на потрошувачката и постигнување енергетска независност на општинскиот објект.

-Инвестицијата е насочена кон долгорочно намалување на оперативните трошоци и поефикасно управување со јавните средства. Очекуваните заштеди ќе создадат поголем простор за вложување во проекти и услуги од непосредно значење за граѓаните- потенцираат општинските власти и додаваат дека со овој проект, Општина Ѓорче Петров ја потврдува определбата за користење обновливи извори на енергија и со сопствен пример придонесува кон поодржлива и енергетски поефикасна локална заедница.

ИЗДВОЕНИ