сабота, август 22, 2026
Дома СКОПСКА Со меѓуопштинска соработка ќе се санираат и продолжуваат улици

Со меѓуопштинска соработка ќе се санираат и продолжуваат улици

362

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше изгласана меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, во  рамките на која е предвидена санација, продолжување на улици и водоводна мрежа на повеќе значајни локации.

Во општина Кисела Вода, со пробивање, односно продолжување на улицата „Димо Хаџи Димов“ до кружниот тек се добива подобро сообраќајно поврзување, поголема безбедност, растоварување на движењето и современо инфраструктурно решение за овој дел од градот.

-Улицата „Димо Хаџи Димов“ е значајна сообраќајна артерија за жителите на Кисела Вода, а со нејзиното продолжување создаваме функционална врска која ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните, ќе го намали метежот и ќе придонесе за поуреден и побезбеден урбан простор – велат градските власти.

Во Шуто Оризари пак ќе се работи на санација на улицата „Македонско-косовска бригада“ 38, санација на главната улица во населеното место Горно Оризари, како и санација на улица ,,37” со изградба и подобрување на водоводната мрежа.

 

 

ИЗДВОЕНИ