вторник, јули 7, 2026
Дома СКОПСКА Реновирани две детски игралишта во Карпош

Реновирани две детски игралишта во Карпош

1

Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта.

-На детското игралиште кое се наоѓа на улица „Никола Парапунов“ обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во рамките на ова катче. Додека, на детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар, бојадисани се  урбаните елементи, зацврстени се подлогите на лулашките, а се реновирааа и клацкалките, лизгалките. При тоа, се заменија и старите дотраени дрвни конструкции – соопштија локалните власти.

-Општината продолжува со засилено темпо на реконструкција и реновирање на претходно мапирани оштетени детски игралишта, сè со цел да им се обезбеди пријатен и безбеден престој за дружба, забава и игра на карпошани – најавија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ