петок, ноември 27, 2026
Дома СВЕТ Снежно невреме ја зафати Чешка: Стотици повредени и сообраќаен хаос/видео

Снежно невреме ја зафати Чешка: Стотици повредени и сообраќаен хаос/видео

0
Фото:принтскрин, „Икс“ видео

Чешките пожарникари интервенирале во над 600 случаи – вклучувајќи сообраќајни несреќи, паднати дрвја и возила заглавени во снегот – во текот на изминатите два дена, по ненадејното снежно невреме што предизвика сериозни прекини во сообраќајот и стотици несреќи.

Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни и да ја приспособат брзината на условите на патот. Службите за чистење снег работат непрекинато на расчистување на автопатите и локалните патишта, при што во последните 24 часа се потрошени повеќе од 4.600 кубни метри сол.

 

Поради снежните наноси, летовите на аеродромот во Прага доцнеа неколку часа.

ИЗДВОЕНИ