Претседателските избори во Турција ќе се одржат во 2028 година, иако е можно да бидат поместени малку порано од првично закажаниот датум во мај, изјави денеска потпретседателот Џевдет Јилмаз, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.
Јилмаз додаде дека владејачката коалиција се согласила претседателот Реџеп Таип Ердоган повторно да се кандидира за функцијата.
„Изборите ќе се одржат во 2028 година. Се разговара за тоа дали би можеле да се одржат еден или два месеци порано. Можно е малку да се поместат“, рече тој, додавајќи дека во рамките на владејачката коалиција веќе постои консензус Ердоган повторно да се кандидира, пренесе „Бета“.












