Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент, денес го усвои буџетот за 2027 година, кој изнесува вкупно 556 милијарди евра. Буџетот предвидува значително зголемување на средствата за одбрана и инфраструктура, како и ново нето-задолжување што надминува 210 милијарди евра.
Министерството за труд и социјални прашања располага со најголем буџет, во износ од приближно 203 милијарди евра, додека за одбраната се издвоени околу 110 милијарди евра од редовниот буџет, дополнети со речиси 30 милијарди евра од посебен фонд наменет за Бундесверот, пренесува „Блумберг“.
Според агенцијата „Танјуг“, од вкупниот износ на новото задолжување, приближно 123 милијарди евра ќе бидат обезбедени преку редовниот буџет, дополнителни 58 милијарди евра ќе се финансираат преку фондот за инфраструктура и климатска неутралност, а околу 30 милијарди евра ќе потекнуваат од посебниот воен фонд.












