Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржа состанок на Штабот на Врховниот главнокомандувачки, на кој се разговараше за состојбата во Киев, како и за можните сценарија за одговор доколку безбедносната ситуација се влоши поради руските напади.
Меѓу учесниците беше и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Заедно со претставници од војската, разузнавачките служби и владата, тој изнесе информации за моменталната состојба во украинскиот главен град, наведе Зеленски на „Фејсбук“, пренесува „Укринформ“.
Клучна тема на разговор беше изработката на конкретни планови за функционирањето на јавниот превоз и логистиката во Киев, во случај руските напади да се интензивираат, а одредени видови транспорт да бидат принудени да престанат со работа.












