Екипата на Златибор од Чајетина поведе со 1-0 во серијата во две добиени против ТФТ Скопје, откако славеа со 101:86 во првиот четвртфинален дуел од плејофот во регионалната АБА 2 лига.

Вториот меч се игра за една недела во Скопје, а ако има потреба од мајсторка, би се играла по две недели, повторно во Србија.

  • Честитки до домашниот тим за апсолутно заслужената победа. Мислам дека одиграа фантастичен натпревар, а она што го видов низ статистиката е дека немавме толку лоша игра. Ако има нешто што се издвојува од овие бројки што го гледам, тоа се постигнатите тројки. Златибор погоди 19 тројки, што е извонредно за ова ниво на натпреварување. Тие беа одлични и во играта пик-ен-рол, се обидовме да промениме неколку одбрани, но покажаа зошто во АБА2 беа на самиот врв сите овие години. Сè уште треба да ги средиме впечатоците по овој натпревар, имаме неколку дена да се подготвиме за вториот натпревар. Треба да го промениме фокусот и извршувањето на планот за игра во текот на сите 40 минути. Лично се надевам дека ќе се вратам тука како што доликува, истакна тренерот на ТФТ, Боро Смилковски.

ИЗДВОЕНИ